Search

Казнети 80 возачи за пребрзо возење вчера во Скопје

Казнети возачи за брзо возење во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 13.07..2019 година (сабота) во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на град Скопје.

Од страна на полициски службеници констатирано е дека 80 возачи ја  пречекориле брзината во населено место. Откриени се и 52 останати прекршоци.

На 13.07. 2019 година во периодот од 19.00 до 24.00 часот беше спроведена и  акциска контрола за прекршоци што ги чинат возачи на  мотоцикли. Од страна на полициските службеници, по однос на констатираните  прекршоци  што ги чинат возачи на мотоцикли од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се осум прекршоци  сторени од возачи на моторцикли.

Треба да знаете
Последни објави