Search

Казнети 354 возачи во Скопје, 166 во Сарај

На територијата на Град Скопје, вчера во акциска контрола на сообраќајната полиција изречени се казни на 354 возачи, меѓу кои за управување на нерегистрирани возила, користење на мобилен телефон, непрописно паркирање.

Како што соопшти МВР, од казнетите, 43 санкции се за за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум мерки за недавање на првенство на минување, 23 казни за користење на мобилен телефон, 76 мерки за непрописно паркирани возила и 46 возила се подигнати од „пајак” службата.

На територијата на Сарај изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26, 19 за нерегистрирани возилаи 14 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави