Search

Казнети осум пешаци кои не поминале улица на пешачки премин

Во текот на 13, 14 и 15.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 51 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 66 возачи, од кои: 20 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 41 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и пет возачи-почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 41 возило, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, три возачи поради неправилно престигнување, 14 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 15 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 13 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се осум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 182 мандатни платни налози, а 110 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Треба да знаете
Последни објави