Search

Казна и до 2.000 евра за тие кои нема да стојат при интонирање на црногорската химна

Владата на Црна Гора усвои  нови законски решенија според кои е предвидена казна од 300 до 2.000 евра за лицето кое нема да стои за време на интонирање на националната химна.

– Казните за физичките лица кои нема да стојат при изведување на химната на Црна Гора ќе изнесуваат од 300 до 2.000 евра, потврди министерот за култура Александар Богдановиќ по владината седница.

Казните за правните лица ќе бидат од 300 до 20.000 евра.

Измените предвидуваат задолжително поставување државно знаме на згради на локалните органи на власта и јавни установи.

– Се воведува обврска за јавните установи чиј основач е државата односно општината, знамето постојано да се вее на згради во кои се сместени тие органи и тие установи, додаде Богдановиќ.

Во информацијата не е објавено кој и како ќе пријавува луѓе кои не стоеле за време на интонирање на химната.

Треба да знаете
Последни објави