Search

Казна за 52 лица за прекршување на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие (22/23.05.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 48 лица им се издадени решенија за изолација, а 17 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се  205 прекршоци.

Треба да знаете
Последни објави