Search

Казна за Рудникот Саса – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето на јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно законот, правниот субјект Рудник САСА и Државниот инспекторат за животна средина склучија спогодба за плаќање глоба со задолжување за спроведување на девет мерки, во посредство на Комисијата за спогодување на Министерството за животна средина и просторно планирање, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

За сторениот прекршок истекување на јаловишен материјал од рудникот Саса во Каменичка Река, што се случи на 14-ти овој месец, согласно ова спогодба Рудникот САСА е задолжен да ги исчисти деловите од речното корито на река Каменица од јаловишен материјал и истиот да го однесе на депонијата за јаловиште со која располага рудникот, врз основа на претходно обезбедена согласност, дозвола од МЖСПП.

Треба да се изврши интервентно чистење на талогот на јаловината од бунарската зона на Каменица со цел да се спречи понатамошно загадување на подземните води со кои се снабдуваат бунарите за водоснабдување на дел од населението од општина Македонска Каменица, а потоа да се продолжи со чистење на речното корито на реката, и да се исчисти зафатот од талогот на мала хидроелектрана која е под јаловиште бр. 4 со цел ставање во функција на зафатот на вода за производство на електрична енергија.

Исто така, требадДа го стабилизира објектот јаловишна брана бр.4 и однесениот материјал јаловишен песок да го замени со соодветен материјал со исти или повисоки јакосни карактеристики. Санацијата на јаловишната брана да биде според техничко решение изработено од Рудник САСА на основа на документација обезбедена согласно закон.

„Треба да се отстрани геосинтетичката облога во делот на конктактите каде потпира хидројаловипшната брана бр.4 за да не дојде до недозволена контактна филтарација,да се предвидат дополнителни мерки за оперирање со хидројаловиштето пред се зголемување на должината на плажата од јаловишна кал со кое ќе се минимизира можноста од повторна контактна филтрација,да се предвиди времено решение доколку има испуштање на заматена вода низ преливен колектор поради сигурност на браната при што заматената вода да биде задржана во постоен резервоар и со пумпна станица да биде вратена во технолошкиот процес и да се постапи согласно член 198 од Законот за води т.е. според препораките од Годишниот извештај за анализа и стабилност на брани изработен со елаборат за анализа и стабилност на брана за 2019 г, кој треба да биде одобрен согласно член 195 од Законот за води“, се вели во соопштението.

Покрај тоа за правното лице Рудник САСА е изречена глоба во висина од 50 000 евра, а за одговорното лице глоба во висина од 15 000 евра во денарска противвредност.

Треба да знаете
Последни објави