Search

Казна за веслач во Грција кој и покрај лошото време влегол во морето, а потоа бара помош

Со административна парична казна се соочува 43 годишен маж на грчкиот остров Андрос кој и покрај лошото време, со неговата даска за стоечко веслање (SUP), влегол во морето, а потоа не можел да стигне до брегот, по што интервенирала грчката крајбрежна служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката крајбрежна служба соопштуваат дека со патролен брод бил пронајден и спасен 43-годишниот маж, кој бил во добра здравствена состојба, а веднаш потоа започнала и постапката за изрекување на предвидени административни казни.

Ова ќе биде и прва казна за несовесен граѓанин кој и покрај лошото време и силниот ветер од 7 Бофор, влегол во морето, а потоа барал помош од крајбрежната служба.

Со оглед на тоа дека во Грција, во изминатиот период зачестија ваквите случаи, ќе се спроведува законот кој предвидува санкции за оние кои не ги почитуваат упатствата од крајбрежната служба кога се лоши временските услови, а потоа бараат помош, како што е и последниот случај.

Треба да знаете
Последни објави