Search

Казахстан го преименува главниот град во чест на претседателот Назарбајев

Kазахстан денеска го преименуваше главниот град Астана во Нур-Султан, во чест на претседателот Нурсултан Назарбајев, кој минатата недела неочекувано даде оставка по речиси 30 години владеење.

Тоа е четврти пат во последните 60 години главниот град да го смени името, а некои жители и опозициски политичари протестираа против најновата промена, која стана официјална кога ја потпиша уредбата привремениот претседател Касим-Јомарт Токајев.

Град со околу еден милион жители, во кој температурите во зима се околу минус 40 а во лето плус 40 степени, претходно се викал Акмолинск, Тселиноград и Акмола пред да биде именуван во Астана.

Порачувајќи дека на нацијата ѝ се потребни нови лидери, Назарбајев изненадно отстапи од власта, што беше прв чекор во политичката транзиција во која, тој сепак ќе ја задрѓи својата моќ, велат анализите.

Назарбајев (78), кој со оваа средноазиска земја богата со нафта и гас владееше од 1989 година, кога беше дел од Советскиот сојуз, ќе остане претседател на советот за безбедност и владејачката партија Нур Отан.

Неговиот ривал, опозицискиот политичар Муктар Абљазов, го обвини дека го подготвува преносот на власта на неговата ќерка.

Треба да знаете
Последни објави