Search

Каевски: Со закон првпат се дефинира категоријата млади во државата

 Првпат во нашата држава имаме закон за млади, со кој се третираат нерегулираните прашања од областа на младите, соопшти директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски нагласувајќи дека со законот првпат се дефинира категоријата млади во државата.

Со законот кој вчера беше донесен во Собранието се дефинираат формите на младинско учество и претставување, регистарот на форми на младинско организирање, младинското учество, политиките и сервисите за млади.

-Законот обезбедува широк, инклузивен и сеопфатен пристап за младинското учество и младински политики и има за цел зајакнување на учеството на младите во процесот на креирање на политики за млади, активно информирање, промоција и заштита на интересите на младите, како и зајакнување на свеста за важноста на младите и нивната општествена улога, истакна Каевски.

Законот предвидува и поттикнување на волонтерството, младинските работи и младински активизам, поттикнување личен, социјален и професионален развој на младите, поттикнување и градење култура на заедничка работа помеѓу младите и институциите.

Општините и градот Скопје се обврзани да формираат канцеларии за млади издвојувајќи 0,1 и 0,3 проценти од своите буџети, а регистарот ќе го води Агенцијата за млади и спорт.

Треба да знаете
Последни објави