Search

Каевски: Во СДСМ имаме амбиент кој дава шанса секој да се кандидира

-СДСМ секогаш кога организира внатрепартиски избори ги организира на демократски начин и демократскиот капацитет што го имаме се рефлектира и на внатрепартиските избори, истакна пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во гостувањето на МРТ. Тој додаде дека во демократски дух ќе продолжи функционирањето на партијата и кажа дека досега официјално се поднесени две кандидатури, а рокот истекува утре.

-Факт е дека амбиентот што го создадовме за внатрепартиските избори даваат шанси за секого кој ги исполнува критериумите, за да се пријави и да ја претстави својата програма. Со измените во Статутот секој еден член може да гласа за претседателот на партијата, што е голем демократски чин, кажа Каевски.

Тој вели дека партиските органи било разговарано за постапка и начинот на избор.

-Говоревме и во која насока треба наредниот лидер да ја води партијата, зборувавме какви политики треба да носи СДСМ и во каква насока да ја води државата. Мораме да се грижиме и за целите и идеалите, како и европските аспирации, истакна Каевски.

Треба да знаете
Последни објави