Search

Кадиев: Снимките од Кичеец покажуваат дека прво е нуден поткуп од Камчева

Предметот „Рекет” е конструиран да послужи како одбрана за случајот “Империја”, изјави Дељо Кадиев, адвокатот на поранешната  специјална обвинителка Катица Јанева по завршувањето на денешното рочиште за случајот “Рекет”, пренесе Фокус.

-Ставот на Јанева, а и на целата нејзина одбрана е дека овој предмет е конструиран да послужи како одбрана за случајот ‘Империја”. И се труди да се прикаже како барање на рекет, а всушност ќе имате можност да видите дека е давање на поткуп, прво од сопругата на Камчев, а потоа веројатно и од Орце Камчев , истакна Кадиев.

Тој искоментира дека снимките кои денеска се слушале во судница, биле сомнителни, односно не може да се утврди нивната автентичност и станувало збор за повеќе разговори, кои биле прекинувани.

-Станува збор за снимки кои се обезбедени на незаконски начин, додаде адвокатот.

Треба да знаете
Последни објави