Search

Кадиев: „Рекет“ е измислен за да Камчев се одбрани од „Империја“

Бранителот на Катица Јанева, адвокат Дељо Кадиев во завршните зборови за предметот „Рекет“ денеска пред судот рече дека обвинителката за организиран криминал, Вилма Рускоска му дала можност на Орце Камчев преку овој случај да си даде одбрана за „Империја“.

-Бизнисменот Орце Камчев во сведочењето истакна дека предметот „Империја“ бил оформен за тој да биде рекетиран. Но, ние би го поставиле обратно прашањето, односно дали можеби предметот „Рекет“ е измислен за обвинетите од „Империја“ бидат ослободени, праша Кадиев, кој истакна дека има незаконитост на доказите, односно дека Јанева била снимана од страна на Камчев надвор од законот.

Според него, Камчев во сведочењето зборувал само за неговата истрага во „Империја’, што заборави да ја спомне, а камо ли да ја нападне Катица Јанева во овој предмет.
-Неовластеното снимање на Јанева е кривично дело. Судот не требаше да ги прифати овие докази, но ги прифати поради јавниот интерес. Материјалите од неовластеното снимање од може да се употребат во предметите на СЈО поднесени до 30.6. После тоа може да бидат само индиции.Дали најдобрата одбрана во еден предмет е напад на лицето кое го води тој предмет?”, алудирајќи на тоа дека Камчев, кој самиот кажа дека бил сценаристот и режисерот на аудио и видеоснимките од првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, а за обвинителството се крунски доказ.
Тој го праша Судот зошто ги дозволил овие приватни конструирани снимки, па приложи европски пресуди каде вакви докази никако не може да бидат законити докази. Веднаш потоа објасни како Парламентот одлучи со закон прислушуваните разговори од УБК да бидат исклучок и да важат само во предметите на СЈО и само 5 години.

 

-Никогаш не ги добивме снимките на Камчев и е пропуст на обвинителството и на судот. Не можевме да видиме кај почнуваат, кај завршуваат, кратени, додавани…Обвинителството за да влијае врз судот, им ставил називи на фајловите: ‘Во понеделник ќе го пуштат’, ‘Примопредавање на пари’…, а примопредавање никаде нема на снимките. Компјутерот не може сам да ги напише, тоа е човечки фактор, укажа адвокатот на Јанева.

Тој укажа дека ни Камчев, ни неговата сопруга некогаш кажаа дека Јанева некогаш им побарала пари за спас од најголемата финансиска истрага досега. Дека всушност, Камчева токму спротивното го кажа. Доказ за тоа, вели Кадиев, е дека истрагата и денес не е затворена, пасошите му сè уште во судот, а Камчев со ништо не бил привилегиран, освен што го пушти Врховниот суд од куќен притвор.

Кадиев додаде дека Камчев од други лица дознавал дека против него се води истрага во случајот „Империја“, а не како што тврдеше во сведочењето дека информаците му доаѓале од СЈО.

-Адвокатот Васил Димишков (брат на судијката на претходна постапка во Основниот кривичен суд, Весна Димишкова) му кажал на Камчев дека е ставен под ПИ мерки, а не Катица Јанева. Нелогично е да се гони Јанева да се гони дека наводно му помогнала на Камчев да излезе од притвор кога биснисменот изјавувал друго, рече Кадиев.

Треба да знаете
Последни објави