Search

Кадиев: Ни оди во прилог тоа што сведоците велат дека Јанева не барала пари

Адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев, по судењето за случајот „Рекет“, изјави дека имало неконзистентност во изјавите и потврди дека на неговата клиентка ѝ оди во прилог тоа што сведоците рекле оти таа не барала пари.

„Ни оди во прилог тоа што сведоците велат дека Јанева не барала пари“ рече Кадиев.

Претходно на рочиштето, адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска ја праша Камчева како можела да знае дека обвинителката била во контакт со Боки кога не се виделе но дека на првата средба тој преку мобилен добил информации од Јанева дека по Орце ќе бидат приведени и неговата мајка и сестра.Камчева рече дека Јанева никогаш не побарала пари од неа, но оти ја слушала Јанева додека зборела со Орце на мобилен неколку пати како и тогаш кога му рекла дека се ќе биде во ред.

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, по рочиштето за „Рекет”, рече дека сведоците на Обвинителството на денешното судење дале контрадикторни изјави.

“Има неверојтни контрадикторности во изјавите”, рече Дуковски. На дополнително прашање на новинарите дека во обвинението пишува за рекет од 1,5 милион евра, а во судницата се спомнуваат само 710 илјади евра и 350 илјади евра, рече дека тоа е најмалата контрадикторност.

Следното рочиште за „Рекет” е закажано за 25 декември кога треба да сведочат Зоранчо Митровски, Томе Главчев и Влатко Бошков.

Треба да знаете
Последни објави