Jurassic Park на Стивен Спилберг е дефинитивно еден од најпопуларните филмови. Поминаа веќе 27 години од неговата премиера, но за филмот се зборува и денес, а низ годините беа направени и неколку продолженија.
Додека мислењето на фановите е поделено за другите делови од франшизата, кога станува збор за првиот, речиси и да нема лоши коментари.
Нo сте се запрашале ли каде се и што прават денес актерите кои се појавија во првиот филм?
Сем Нил: Доктор Алан Грант
Лора Дерн: Доктор Ели Сатлер
Лора ја играше доктор Ели, која беше научник и девојка на Алан. Актерката се појави во многу одлични филмови, како Blue Velvet, а има добиено Оскар, Еми и Златен глобус. Таа е и активист кој се залага за бегалците и женските права.
Џеф Голдблум: Доктор Иан Малколм
Доктор Иан Малколм беше научникот кој сметаше дека клонирањето на диносаурусите е непотребен ризик, а неговата улога му припадна на Џеф Голдблум. Актерот се појави во неколку добри серии, филмови од сите жанрови, а заплива и во музичките води – досега има издадено два џез албуми.
Џеф ќе ја репризира неговата улога на доктор Иан во новото продолжение од франшизата, чија премиера е закажана за 2022-ра година.
Аријана Ричардс: Лекс Марфи
Аријана ја имаше една од главните улоги – малата Лекс Марфи. После Jurassic Park, актерката заврши на академија за уметност во Калифорнија. Денес таа е сликар и имa добиено неколку награди за нејзините уметнички дела…
Преземено од Црнобело