Search

Каде е Никола Калиниќ додека Хрватска го слави најголемиот историски успех?

Никола Калиниќ можеше со остатокот од репрезентацијата на Хрватска да се подготвува за големото финале на Светското првенство, меѓутоа, тој уште на почетокот на турнирот во Русија, одлучи дека не сака да биде резерва, па во две ситуации одби да влезе во игра.

 

Златко Далиќ, по тој очигледно неспортски потег на Калиниќ, покажа авторитет и во договор со останатите играчи го исфрли од репрезентацијата.

Напаѓачот  се уште се нема огласено по повод овој инцидент, за да каже нешто во своја одбрана.

Наместо него, тоа вчера го направи неговиот агент, Томислав Ерцег.

„Репрезентацијата? Сега е бесмислено да се зборува за тоа што се случи. Животот продолжува понатаму“, изјави Ерцег.

Калиниќ, 2018 година нема да ја памети по добро ниту на клупско ниво, во однос на тоа дека имаше катастрофална прва сезона во дресот на „Росонерите“ сега, сосема оправдано, сакаат да го продадат ова лето.

„За жал, оваа година не е добра за него, но убеден сум дека Никола наскоро ќе докаже колку вреди. Трансфер периодот? Не сакам да зборувам за тоа“, додаде неговиот агент.

Хрватска слави историски успех, а Никола Калиниќ да го знаеше ова, можеби и немаше да ја одбие улогата на резерва, бидејќи сега и резервистите ќе бидат пресреќни ако Хрватска стане светски шампион.

Треба да знаете
Последни објави