Search

Кадетите ремизираа со Бугарија

Македонската репрезентација за ракометари до 17 години, одигра нерешени 25:25 (13:15) со врсниците од Бугарија, на турнирот кој се одржува во градот „Гоце Делчев“.

Овој турнир беше замислен како своевидно мини Балканско првенство, но по откажувањето на селекцијата на Косово, на нивно место игра екипата на Пирин.

Утре од 13 часот, нашите ракометни таленти играат со Романија, а задутре во 9 часот ќе си ги одмерат силите со Пирин. Овој тим го предводи селекторот Данило Брестовац, а овие ракометари родени 2002 и 2003 година, следното лето ќе играат на ЕХФ шампионатот во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави