Search

Кавани реши да проговори за ,,случувањата” во ПСЖ

Иако навидум и пред јавноста изгледа се најубаво во приказаната ПСЖ, која жари и пали во домашното првенство и во Лигата на шампиони, очигледно не е така како што изгледа. ПСЖ има 11 победи од 11 натпревари, но во соблекувалната е страшно. Тоа го открива француски  весник каде потенцира дека ситуацијата е неиздржлива.

Целата збрка ја прават Нејмар и Мбапе кои биле заедно во коалиција против Кавани. Ова, овој француски весник, го потврдил и со тоа што Кавани едвај добил до пет проценти од додавањата од Мбапе и Нејмар, додека против Лион не добил ниту едно додавање. Нетрпеливоста меѓу овие двајца започна уште од минатата сезона, кога Нејмар и Кавани влегоа во дуел за шутирање на пенал.

Кавани, не чекаше долго и реши да проговори за целата ситуација во која се наоѓа.

– Тоа се глупости. Сакам да ги демантирам тие пишувања. Ние сме во добар однос. Сепак се случувале работи во текот на играта, ама не е тоа нешто опасно или пак да не се поднесуваме. Искрен да бидам имаме одличен тренер и сите веруваме во него, во заеднички успех. Тимот сигурно веќе ја добива посакуваната форма и верувам дека ќе имаме одлична натпреварувачка сезона, – изјавил Кавани.

Треба да знаете
Последни објави