Search

Кавадарци одбележува 116 години од раѓањето на Васил Хаџиманов

 Кавадарци денеска одбележува 116 години од раѓањето на Васил Хаџиманов, етномузиколог, фолклорист и мелограф. За него, историчарот Петре Камчевски од Кавадарци вели дека е еден од најголемите собирачи на македонски народни песни и за време на својот живот собрал повеќе од шест илјади изворни народни песни, 500 тажалки и 700 албански народни песни.
– Хаџиманов бил роден во Кавадарци, на денешен ден во 1906 година. Васил бил еден од идејните водачи на културото живеење на Кавадарци, во периодот помеѓу двете светски војни. Магистрирал фармација и работел како аптекарски помошник во аптеката на Бошко Марковиќ. Учествувал во НОВ, како борец во партизанскиот одред “Јане Сандански”. Со својата Тиквешка фолклорна група, на Сојузниот натпревар во Белград, го освоил првото место во 1938 година. По војната работел како музички уредник во Радио Скопје, појаснува Камчевски.
 Хаџиманов умрел во Скопје, на 16 декември 1969 година.
Треба да знаете
Последни објави