Search

Кабул: Убиени четири лица, 100 повредени при експлозија на камион

Во експлозија на камион наполнет со експлозив во главниот град на Авганистан, Кабул загинаа четири лица, а повредени се 100-тина, меѓу кои и 23 деца. Есплозијата се случила вечерва, во област која е населена со сранци и каде што се сместени голем број невладини организации.

,,Има големи оштетувања. Единиците на специјалната полиција се распоредени на местото на експлозијата за да проверат дали се уште има напаѓачи”, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Најиб Даниш.

Возилото натоварено со експлозив било активирано во вечерните часови. До инцидентот дошло откако американскиот претставник Залмај Калилзад стигнал во регионот за да присуствува на мировните преговори, 17 години по американската интервенција во земјата. Тој покрај Авганистан во текот на неделава ќе ги посети и Пакистан, Индија и Кина.

Треба да знаете
Последни објави