Search

Кабинетот Ѓукановиќ ги негира написите за поврзаност со убиството на Пукановиќ

Кабинетот на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ го негираше во вторникот пишувањето на хрватскиот неделник  „Национал“,  кој објави дека поседува аудиоснимка која што укажува на тоа дека налогодавач на убиството на основачот и главниот и одговорен уредник на весникот Иво Пуканиќ во октомври 2008 година би можел да биде Ѓукановиќ.

Тие поседуваат снимка од телефонски разговор во која Сретен Јоциќ, наречен Јоца Амстердам, наводно зборува за улогата на Мило Ѓукановиќ во убиството на Иво Пуканиќ. Јоца Амстердам, неосудениот организатор на атентатот на Пуканиќ првпат укажа на нарачател. Тоа е Мило Ѓукановиќ, пишува на насловната на новиот Национал. Како што пишува „Национал“, на снимката Јоца Амстердам објаснува зошто претходно не го посочил Ѓукановиќ.

Од кабинетот на Ѓукановиќ тврдат дека пишувањето на загрепски Национал претставува „рециклирање на лагите“ кои веќе еднаш биле објавени па демантирани.

-Невистината објавена на насловната страница на хрватскиот неделник Национал за вмешаноста на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во убиството на Иво Пуканиќ, преставува рециклирање на лагите кои уште пред осум години беа лансирани, и веднаш потоа демантирани од сите актери на таа конструкција, па и од самиот Сретен Јоциќ, кој во Србија во меѓуврме правосилно е ослободен од обвинувањата за убиството на сопственикот на Национал. Тогаш беше раскринкан како еден од бројните методи во обидот за криминализација на Мило Ѓукановиќ, кој разни разузнавачко-медиумски центри го спроведуваат повеќе од 20 години. Еден од таквите обиди беше и ‘Тутинската афера’, којја и судски е верификувана како подметнување, додека сите актери во тој процес, пред италијанските судови, правосилно се ослободени од сите обвиненија“, истакнуваат од кабинетот на Ѓукановиќ.

Треба да знаете
Последни објави