Search

Кабинетот на Иванов реагира на сведочењето на Младеновски за 27 април

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираше во врска со исказот на обвинетиот Михаил Младеновски за случувањата од 27 април дека советникот на претседателот Синиша Алексоски им кажал дека Иванов ќе прогласи воена состојба.

-Давање лажен исказ е кривично дело. И по не знаеме кој пат, Кабинетот на претседателот на Република Македонија ги отфрла искажаните лаги, измислени настани и непостоечка комуникација за вмешување на советникот Синиша Алексоски во случајот од 27 април”, се наведува во реакцијата од Кабинетот на претседателот.

Треба да знаете
Последни објави