Search

Кабинетот на Заев останува без двајца советници

Премиерот Заев го рационализира бројот на советници.Попладнево потврди дека советничаката Ленче Николовска го напушта кабинетот, а пред таква одлука бил и Мерсел Биљали.

Се намалува бројот на советници во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Советничката за земјоделство Ленче Николовска и советникот за односи меѓу етничките заедници, Мерсел Биљали се повлекуваат од своите функции. Ангажманот на Николовска завршил на први ноември, а Биљали најавил повлекување за да спречи евентуален судир на интереси.

Заев објаснува дека оваа одлука следува откако Владата се соочи со низа критики поради бројот на советници. А, некои ги откажуваат советничките услуги бидејќи нашле подобри и поплатени позиции во приватниот сектор.

Од Владата објаснуваат дека советничката функција на Николовска завршила на први ноември на нејзино барање. Но, ги демантираат информации дека од Илинденска 2 си заминуваат 17 вработени.

„Нема прекин на ангажмани на други советници од Канцеларијата на претседателот на Владата на РСМ. Од Генералниот секретаријат во истиот период има само едно спогодбено преземање и тоа од ГС во друга институција, што значи дека не се точни дезинформациите дека имало поголема група вработени кои го прекинале својот ангажман во Владата“, велат од владина прес служба.

Премиерскиот кабинет неодамна беше на мета на остри критики од јавноста откако беше објавен  список со сите 40 советници на премиерот Заев и износите кои ги исплаќа Владата за нивните услуги. Меѓу советниците покрај познати имиња на професори, аналитичари, писатели, новинари – како Ванчо Узунов, Венко Андоновски, Љубиша Станковиќ, Виолета Дума и други. Имаше и советници кои сосема и се непознати на јавноста како струмичанецот Љупчо Зафироски, кој е задолжен да го советува премиер за евроинтеграции или младата Стефани Арсовска, советник за ЕУ фондови.

Целиот линк прегледајте го тука:  https://kanal5.com.mk/articles/396030/kabinetot-na-zaev-ostanuva-bez-dvajca-sovetnici

 

Треба да знаете
Последни објави