Search

Каазни за осум тетовци, седум охриѓани и четворица велешани за непочитување на полицискиот час

Заради стореното кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, за осум обвинети лица, Oсновното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози и на судот му предложи да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.​ Обвинетите во одделни кривично правни настани не го почитувале полицискиот час, па без дозвола се движеле пеш или со возила низ Тетово и околината.​

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според  член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите се товарат дека за време на полицискиот час се движеле низ Охрид и со тоа не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19.

Охридското обвинителство побара од Основниот суд Охрид да определи парична казна за обвинетите во износ од 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Основното јавно обвинителство во Велес денеска до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои го сториле кривичното дело од член 206 став 1 од Кривичниот законик – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Воедно, на Судот му предложи на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парични казни во висина од 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност.

Сите обвинети биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат пеш или со автомобил по улиците низ градот за време на полицискиот час.​

 

Треба да знаете
Последни објави