Search

И Јанева и Боки 13 попладнево се вратија во Шутка

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева обвинета во предметот „Рекет“ денеска во 16 часот е вратена во притвор во затворот Скопје, каде се врати и Бојан Јовановски- Боки 13, кој утрово беше повторно однесен во болница поради проблеми со желудникот.

Јанева минатат недела беше однесена во болницата „Жан Митрев“ поради проблеми со срцето, но нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска за „Телма“ рече дека здравствената состојба и е подобрена и стабилна. Лекарите од болницата Филип Втори и препишале и нова терапија.

Боки 13, пак, заврши во болница минатата недела откако колабираше во Основното јавно обвинителство пред да даде исказ, но истиот ден беше вратен во затворот „Шутка“.

Треба да знаете
Последни објави