Search

И Јанева била следена од ОЈО

Освен Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева била ставена под посебни истражни мерки за потребите на истрагата за „Рекет“, дознава „Фокус“.

-За лицето за кое покажувате интерес беа применети посебни истражни мерки. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го очекува декласифицирањето на мерките по што ќе им бидат презентирани на одбраната, изјавиле од Обвинителството за „Фокус“.

„Фокус“ не успеа да дознае точно кои мерки биле применети врз Јанева, односно дали и бил прислушуван мобилниот телефон или била тајно следена и снимена. Боки 13 и Кичеец три недели биле тајно следени и снимени на сите јавни места, освен во нивните домови или деловни простори означени како приватни.

Извори од ОЈО, пак, за „ТВ24“ рекле дека Јанева била следена две недели пред да биде уапсена.

Треба да знаете
Последни објави