Search

И Чех заминува од Челзи

Откако англискиот прволигаш Челзи го напуштија претседателот Питер Бак, а на крајот од летниот преоден рок ќе си замине и директорката Марина Гранавскаја, повлекување од должноста технички советник најави и поранешниот голман на клубот од Лондон, Петр Чех.

Поранешниот чувар на мрежата на чешката репрезентација и на францускиот прволигаш Рен, освои вкупно 13 трофеи со Челзи пред да стане дел од клупското раководство во 2019 година.

– Беше привилегија да му служам три години на Челзи, кратко објави Чех.

Челзи е во процес на промена на сопствеништвото, откако американски конзорциум минатиот месец го купи клубот од рускиот милијардер Роман Абрамович, а лондонскиот премиерлигаш засега не донесе ниту едно засилување за новата сезона.

Треба да знаете
Последни објави