Search

И Фулам сака да пазари на распродажбата во Барселона

И англискиот Фулам сака да пазари на распродажбата кај шпанскиот фудбалски гигант Барселона. За Фулам интересен е високиот 190 сантиметри француски дефанзивец Жан-Клер Тодибо, информира „Марка”. Клубот од Островот нуди 18 милиони евра за услугите Тодибо, и дополнителни 5 милиони во форма на бонуси.

Раководството на Барселона се согласува со условите, но самиот фудбалер се повлече затоа што не сакал да замине во Фулам. Тодибо беше донесен во Барселона од Тулуз во јануари минатата година.

Дел од сезоната 2019/2020 тој ја помина на позајмица во Шалке 04, но Германците не ја искористија можноста да ги откупат неговите права.

Се очекува Тодибо да биде новиот фудбалер кој го напушта „Камп Ноу”. Пред него истото го сторија Иван Ракитиќ, Артуро Видал и Луис Суарез.

Треба да знаете
Последни објави