Search

И Турција има хобитско одморалиште

Низа на куќи покриени со земја се изградени во градот Сивас во централна Анадолија, Турција и тоа како дел од растечкото хобитско одморалиште кое привлекува туристи од целиот свет, а особено љубителите на култата филмса трилогин „Господарот на прстените”.

Инспириран од изгледот на домовите на хобитите кои се сместени на падините на ридовите, овие шармантни куќички се наменети за животот под земја и се карактеризираат со посебни кружни отвори.

Во излетничкото место за безгрижен одмор викано Пашабахче, на седум километри од  Сивас, во првата фаза беа изградени седум куќи, а по големиот интерес на туристите од Европа, Австралија, Кина и Јапонија, беше одлучено значително да се прошири капацитетот. Така во втората фаза од проектот бројот на куќи се зголеми на 24. Во нив има се што е потребно за добар живот и одмор: кујна, дневна соба, спална и бања. Сите соби се пространи и исклучително удобни, а нивната локација под земја обезбедува пријатни температури во лето, а да во зима биде топло.

Инаку, куќите се изнајмуваат на седум или десет дена по цена од 120 турски лири дневно.

Треба да знаете
Последни објави