Search

И „Твитер“ ќе ги брише објавите што го негираат Холокаустот

Само неколку дена по сличниот потег на Фејсбук, и Твитер соопшти дека ќе ги отстранува сите објави што го негираат Холокаустот, за кои платформата вели дека ја нарушуваат нејзината политика против ширење содржина на омраза.

Портпаролката на Твитер рече дека компанијата ги смета за антисемитските објави за негирање и веќе нема да ги толерира.

„Ние силно го осудуваме антисемитизмот, а однесувањето со омраза апсолутно нема место на нашата платформа. Воспоставена е силна политика против величење на насилството и преземаме мерки против содржините што ги величат или ги фалат историските акти на насилство и геноцид, вклучително и Холокаустот “, рече таа.

Нацистичка Германија го спроведе Холокаустот за време на Втората светска војна, при што системски беа убиени околу шест милиони Евреи. Во јули, Твитер го блокираше британскиот рапер Вајли за серија твитови што ги сметапе за антисемитски.

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг, во понеделникот изјави дека неговата платформа ќе ги брише објавите што го фалат или негираат Холокаустот или други форми на омраза.

„Со зголемувањето на антисемитизмот, ја прошируваме нашата политика за забрана на каква било содржина што го негира или погрешно го претатавува Холокаустот“, соопшти Фејсбук. „Ако луѓето го бараат Холокаустот на Фејсбук, ќе започнеме да ги пренасочуваме кон авторитетни извори за да добијат точни информации“.

Треба да знаете
Последни објави