Search

И Словенци меѓу заразените со коронавирус на крузерот Дајмонд Принцес

Министерството за надворешни работи на Словенија потврди дека меѓу заразените патници со коронавирусот на крузерот Дајмонд Принцес има и словенечки државјани.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, од шестте Словенци кои беа на бродот, двајца се заразени, двајца се здрави, а за две лица се уште се чекаат резултатите. Заразените се веќе во болница каде им се укажува соодветна медицинска помош.

Во меѓувреме се прават последните подготовки за враќањето на словенечките граѓани назад во земјата. Властите соопштија дека во текот на денот детално ќе информираат кога и како ќе се спроведе враќањето на лицата кои со недели беа во карантин на крузерот.

Треба да знаете
Последни објави