Search

И се заканува доживотен затвор на професорка која имала секс со ученик и гасела цигари од телото негово

И се заканува доживотен затвор на професорка која имала секс со ученик и гасела цигари од телото негово

Професорката по англиски јазик, Соња Макеј заплакала пред судот во Австралија и се извинувала што сексуално го искористувала 17-годишниот ученик.

– Многу се каам за тоа што го направив. Со своите непристојни постапки им донесов големи грижи на жртвата и неговите блиски – напишала Макеј, на која и се заканува доживотна робија.

Во Австралија секс со 17-годишник е легален, но ако другата личност е во однос со „личност со авторитет“, тогаш границата за сексулани односи е 18 години.

Таа гасела цигари од телото на малолетникот со цел да го означи како „свој“. Тоа стоело во писмото на ученикот, кој пред да го заведи професорката бил одличен ученик и сонувал да стане стоматолог.

– Повеќе сакав да имам секс и да пијам со професорката, отколку да учам и да пишувам домашни задачи – напишал тој.

Се плашел да не го разоткријат другарите и блиските, па се оддалечил од нив. Но исто така се срамел и од сексуалната врска, која станала болна, не само емоционално и финансиски, ами и физички, заради цигарите кои ги гасела од неговото тело.

Во судот се читало и писмото на мајката на малолетникот во кое стоело како професорката ја излажала и го земала бројот од нејзиниот син. Макеј и кажала дека им дала многу комплицирана домашна задача и дека сака да му се јаве и да му помогне на нејзиниот син.

Нејзиниот син со денови не си одел дома, па се загрижила.

– Немав поим каде спие, ниту со кој е, дали е безбеден. Кога ќе сакаше да си дојде дома, таа му купуваше долен веш и скапи подароци. Немал изговор да си дојде дома, па остануваше со неа – напишала таа.

Еднаш кога сепак тој одлучил да се врати дома, професорката му се јавила и му се заканувала дека ќе си наштети себеси ако не и се врати.

– Видов дека е ужаснат. Чувствуваше вина што ја оставил сама – додала таа.

Таа била уапсена во декември минатата година. Професорката била пуштена со кауција, а приватното училиште во кое работела, веднаш ја суспендирало.

Макеј во меѓувреме е обвинета за секс со уште еден ученик.

Треба да знаете
Последни објави