Search

И селекторот Милевски повика на спортско навивање

По Фудбалската федерација на Македонија кој се огласи полладнево за спортско навивање на утрешниот натпревар Македонија – Бугарија, од последното коло во групата 4 од Ц-девизијата во Лигата на нации, вечерва истите апели до љубителите на фудбалот ги упати и селекторот Благоја Милевски. На прес-конференцијата пред последниот тренинг на „црвено-жолтите“ за утрешната пресметка со источниот сосед Милевски ги повика сите  љубителите на фудбалот кои утревечер ќе се најдат на трибините на стадионот „Тодор Проески“ да навиваат спортски  за својата репрезентација.

-Ние сме спортски работници, треба да ја оставиме политиката на политичарите. Ние само сакаме да победиме на терен. Само спортскиот аспект е тоа што нас не интересира. Секоја чест во Бугарија немаше никаков инцидент, и ги повикувам нашите навивачи коректно да навиваат и да бидеме добри домаќини. Верувам дека и на гостите единствен фокус им е победата на теренот – порача Милевски.

Треба да знаете
Последни објави