Пејачката Сека Алексиќ откри дека прележала коронавирус.

Во вклучување во утринската телевизија на „Прва“ , пејачката откри дека таа и нејзиното семејство прележале корона, но и дека имале симптоми.

„Кога станува збор за коронавирус, јас и моето семејство го прележавме вирусот. За среќа, имавме лесни симптоми“, изјави Сека.

Пејачката зборуваше и за тоа колку ужива да одгледува зеленчук во сопствената градина.

— Ме исполнува што имам своја градина, домат, пиперки, нема ништо поубаво од домашно, од тој мирис, и кога ќе го извадите зеленчукот од градината – рече со насмевка пејачката.