Search

И Рашфорд цел на расистички навреди по нереализиран пенал

По натпреварот од третото коло на шампионатот на Англија со „Кристал Палас” (1:2), напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд беше изложен на расни навреди. На овој дуел Рашфорд не реализира пенал.

Според „The Sun”, на Твитер се појавиле коментари со навредливи зборови поврзани со расизам на сметка на фудбалерот.

Претходно исто се случи со Пол Погба, кој исто така не реализираше пенал на средбата со Вулверхемптон (1:1).

Раководството на Твитер вети дека одблизу ќе ги следи профилите на играчите со темна боја на кожата со цел да се спречат случаи на расизам.

Треба да знаете
Последни објави