Search

И Радовиш има заразени од коронавирусот, РФМ ја стави во мирување А групата од суперлигашкото натпреварување

По Голден Арт КЛ7 кој објави дека во своите редови има дури 16 членови позитивни на коронавирусот, се огласи и последниот противник на новајлијата во ракометната Суперлигата, Радовиш, дека има инфицирани од вирусот и во нивните редови. Двете екипи пред три дена се сретнаа во Радовиш, а сигурна победа од четири гола разлика извојува домашната екипа (33-29). Поради новонастанатата ситуација со позитивните случаи во редовите на КЛ7 и Радовиш, Ракометната федерација на Македонија одлучи да ја стави да има 15-дневно мирување групата каде се натпреваруваат овие две екипи.

-Ракометниот клуб Радовиш ја известува пошироката јавност дека веднаш по натпреварот со Голден Арт КЛ7 од нивна страна сме известени дека имаат позитивни случаи на Ковид, при што од наша страна се превземени мерки согласно пропишаните протоколи и во текот на денешниот ден ќе бидат направени тестирања на целиот стручен штаб и играчи. Согласно протоколот за натпреварување целиот стручен штаб и тим беа тестирани негативни и на повторното тестирање имаме двајца позитивни ракометари без симптоми, информираат од редовите на Радовиш.

Треба да знаете
Последни објави