Search

И противниците разочарани кога не игра Роналдо

Кристијано Роналдо е една од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал, а за неговата популарност потврда е и изјавата на тренерот на Јанг Бојс, Герардо Сеоане, кој рече дека е разочаран што Португалецот нема да настапи за Јувентус во дуелот со неговиот тим во втората рунда од Лигата на шампионите.

– Ние сме разочарани што Роналдо нема да игра. Навистина сакавме да се сретнеме со него, но со или без Роналдо, Јувентус нема недостатоци, нагласи Сеоане.

Роналдо нема да игра поради црвен картон добиен на претходниот натпревар.

Дуелот Јувентус – Јанг Бојс ќе се игра вечер во Торино со почеток од 18 часот и 55 минути.

Треба да знаете
Последни објави