Search

И покрај заразата Сирија го одложува ослободувањето затвореници

– Сирија го одложува ослободувањето затвореници, како дел од амнестијата што ја прогласи претседателот Башар ал-Асад заради стравот од масовни инфекции доколку коронавирусот се прошири во преполните затвори, соопштија денеска групите за заштита на човековите права.

Владата во Дамаск соопшти дека во земјата досега се регистрирани само 19 случаи на коронавирус и два смртни случаи од нив, но со оглед на фактот дека здравствениот систем е уништен во граѓанската војна што трае веќе речиси една деценија, Сирија стравува дека нема да може да ја совлада заразата од коронавирусот, пренесоа британските медиуми.

Минатата недела пратеникот на ОН за земјата, Геир Педерсен, укажа на ризикот од Ковид-19 во затворите и повика на итно ослободување на затворениците.

Амнестијата што Асад ја прогласи на 22 март го прошири просторот на злосторствата опфатени со амнестијата од минатиот септември .

Групите за човекови права, меѓутоа, соопштија дека само неколку стотици лица,затворени заради вообичаените кривични дела, досега се пуштени на слобода и ги повикаа Дамаск да го следи примерот на другите држави, вклучувајќи го блискиот сојузник Иран, што ослободи десетици илјади затвореници откако почна пандемијата со коорнависурот.

-Во сириските затвори и притворски центри Ковид-19 може брзо да се рашири заарди лошите санитетски услови, недостигот од пристап до чиста вода и пренатрупаност, изјави Лин Малоуф, директорка за истражувања на Блискиот Исток на Аменести интернешенел.

Сириските државни медиуми не јавија колку затвореници се пуштени од затвор, но судиите наведоа дека целта е да се намали нивниот број.

Треба да знаете
Последни објави