Search

И обвинителот Рустеми повикан на распит

Обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми е третиот од тимот на Катица Јанева кој ќе сведочи за случајот „Рекет“ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, дознава „Фокус“ .

Рустми би требало да даде изјава утре, но тогаш е рочиште за „ТНТ“, па може да биде на распит и во петок. Тој е предметен обвинител на истрагата и во „Поштенска банка“.

Вчера во обвинителството сведочеше обвинителката Лиле Стефанова, а во понеделникот свој исказ даде и обвинителката Елизабета Јосифовска. Покана сѐ уште нема добиено обвинителката Катица Јанева.

Од ОЈО денеска информираа дека се прават финансиски истраги и дека се декриптираат содржини од запленетите мобилни телефони и компјутери.

Треба да знаете
Последни објави