Search

И Никола Тодоров остана без полициско обезбедување

МВР му го укина полициското обезбедување на ексминистерот за здравство, Никола Тодоров, потврдуваат извори од Mинистерството.

Тодоров доби обезбедување откако беше нападнат пред министерската зграда од страна на дедото на малата Тамара, Љупчо Стојановски, кој пукаше во него. Ексминистерот користеше обезбедување нешто повеќе од една година. Безбедносната мерка за него стапи на сила во јуни 2017 година.

Последните два месецa се ревидираат безбедносните проценки за сите лица кои досега користеле полициско обезбедување. Најголем дел од поранешните функционери, кои биле опфатени со ревизијата, останале без обезбедување бидејќи било оценето дека нема опасност za нивните животи.

Освен Тодоров, без обезбедување остана и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

Треба да знаете
Последни објави