Search

И Нејмар изненаден од трансферот на Луис Суарез

Ѕвездата на францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен и некогашен играч на Барселона,  Нејмар исто така изрази изненадување од начинот на кој Луис Суарез ја напушти Барселона.

Бразилецот, Уругваецот и Лионел Меси формираа ударно трио во нападот на тимот пред Нејмар да замине на „Паркот на принцовите”.

Сега Суарез беше принуден да се пресели во Атлетико Мадрид и од тројцата, само Аргентинецот остана со Каталонците.

– Неверојатно е како ги прават работите таму, напиша Нејмар во коментарот под објавата на Меси на Инстаграм денес, кој ја критикуваше управата на клубот.

Треба да знаете
Последни објави