Search

И Мила Царовска во самоизолација, била во контакт со Зекири

Потпретседателката на Владата, Мила Царовска, утрово на нејзиниот Фејсбук профил објави дека е во самоизолација, откако нејзиниот сопартиец, Мухамед Зекири вчера објави дека е позитивен на корона вирусот.
„Ја информирам јавноста дека од денес сум во задолжителна самоизолација, откако вчера колегата Мухамед Зекири е позитивен на Ковид-19. Во текот на минатата недела имавме заеднички состанок на кој сите бевме со заштитна опрема и на препорачаната дистанца. Сепак, согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе останам во самоизолација до 9 јуни. Во текот вчерашниот ден направив и тест кој е негативен. Засега немам никакви симптоми и се чуствувам добро. Сите мои работни обврски продолжувам да ги извршувам непречено од дома.
На семејството Зекири му посакувам брзо и успешно оздравување и закрепнување, како и на сите останати граѓани кои се борат со коронавирусот, напиша Царовскаа.
Претходно, тоа го соопшти и министерот за информатичко општество Дамјан Манчеевски.
Во самоизолација е и Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност на претседателот на Владата, по препорака на епидемиолозите. Забрчанец информацијаата ја објави на својот Фејсбук профил.
Генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев е негативен на Ковид-19. Тој се тестираше откако потпреседателот на СДСМ, Мухамед Зекири соопшти дека е позитивен на Ковид-19, а двајцата пред неколку дена учествуваа во телевизиска дебата на ТВ 24.
Треба да знаете
Последни објави