Search

И Металург пријави дека има двајца инфицирани од корнавирусот

Коронавирус влезе и во редовите на македонскиот ракометен суперлигаш Металург. Клубот од Автокоманда на својата официјална интернет страница соопшти дека денешните тестирања покажале позитивни членови во екипата.

-Од последното тестирање во минатата недела до денешното, за жал имаме два позитивни случаи, од кои еден е играч, а еден е член на стручниот штаб. И двајцата се без симптоми и се во добра здравствена состојба. Ќе ги испочитуваат протоколите и ќе останат во изолација до следното тестирање за 10 дена, изјави претседателката на Металург Зорица Блажевска.

Металург в понеделник ќе замине во Франција, каде во вторник ќе го одигра првиот натпревар во групната фаза на Лига Европа против екипата на Тулуз.

Треба да знаете
Последни објави