Search

И Манчини не е заинтересиран за Манчестер јунајтед

Трофејниот англиски фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед кој викендов остана без тренер откако му даде отказ на Норвежанецот Оле Гунар Солскјер по разочарувачкиот пораз од Ватфорд ја продолжува потрагата по неговиот наследник на клупата. Според „БИЛД“, Јунајтед остварил контакти и со актуелниот италијански селектор Роберто Манчини, но добил негативен одговор. Манчини им соопштил дека негова задача е да ја однесе Италија на СП-2022 во Катар.

Треба да знаете
Последни објави