Search

И Макрон потврди дека сите членки биле за да започнеме преговори, само Мицкоски се радува на грешката на ЕУ

Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

„Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Колку што се срамни и антидржавни изјавите на Мицкоски толку е голем шамарот од Макрон токму за Мицкоски. Во интревју за Економист, Макрон потврдува дека „сите во ЕУ биле за преговори” со Македонија.
Целиот западен демократски свет порача дека Северна Македонија сторила се, а одлагањето на датумот било историска грешка.

Дури и Емануел Макрон вчера во интервју порача дека сите земји членки биле сложни да ги започнеме преговорите со ЕУ. Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ останаа да се радуваат на историската грешка на ЕУ.
Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски останаа да работат против ЕУ и НАТО, следејќи ги инструкциите на Груевски од Будимпешта. Тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, анти ЕУ и анти НАТО дејствување, обнова на режим и враќање назад во изолација.
Со таква понуда можат да се надеваат само на убедлив пораз на 12ти април. Граѓаните уште еднаш ќе поразат нивнот деструктивно однесување и на 12ти април ќе потврдат дека државата е на прав пат.“

Треба да знаете
Последни објави