Search

И кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за Бутел е осуден насилник

Дарко Костовски, кандидатот за градоначалник на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ добил пресуда да плати казна од 400 евра за нарушување на јавниот ред и мир.

Тој во 2016-тата година во спортска сала во одморалиштето „Радости“ во Охрид физички нападнал прилепчанец, кој пак се здобил со телесни повреди од ударите и шлаканиците.

Тепачката започнала бидејќи  Костовски се обратил со зборовите „Ајде да се тепаш со мене“, по што физички го нападнал прилепчанецот и го отстранил од салата. Сепак, кандидатот за градоначалник, а тогашен советник во Министерството за труд и социјална политика, одговарал единствено за нарушување на јавниот ред и мир по Законот за прекршоци.

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден од низата кандидати за градоначалници на партијата со сомнително минато.

Според информациите, кандидатот за градоначалник на Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски во 2002 година бил фатен и затворан поради производство и продажба на 630 грама марихуана. Тој бил правосилно осуден со одлука на Апелација и лежел казна затвор од 3 месеци.

Уште посериозно е делото на кандидатот за градоначалник на Долнени од ВМРО-ДПМНЕ, Ладо Глигороски кој во 1994 година, како вработен во полициското одделение во село Богомила претепал човек до смрт.

На него му е изречена затворска казна од 4 години и 6 месеци поради користење на прекумерна сила врз лице кое што било лишено од слобода, а кое подоцна подлегнало на повредите.

Веројатно тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ, криминалци да ги запоседнат општините и да продолжат со сила и репресија да ги полнат сопствените и партиските буџети на грбот на граѓаните. Ова покажува дека Христијан Мицкоски  не само што не се дистанцира од криминалното милје на довчерашниот лидер Груевски, туку напротив свесно нуди нова иднина со осудени криминалци за кандидсти за градоначалници.

Треба да знаете
Последни објави