Search

И Зидан доаѓа во Јувентус

Уште еден бомбастичен трансфер во Торино, по Кристијано Роналдо во Јувентус доаѓа и Зинедин Зидан. Фрнцузинот беше тема на шпекулации од моментот кога ја напушти тренерската функција во Реал, а сега Зизу ја шокира одлуката да се врати во Јувентус, чии дрес го носеше во периодот од 1996 до 2001 година.

Сепак, Зидан нема да биде тренер на Јувентус, туку ќе работи како советник на спортскиот директор Фабио Паратичи. На новата функција Зизу ќе стапи за два месеци.

Веднаш откако беше пласирана оваа информација, медиумите во Италија започнаа со шпекулациите дека ова ќе биде само преодна фаза, односно дека во блиска иднина Зидан ќе го наследи актуелниот тренер Масимилијано Алегри.

Треба да знаете
Последни објави