Search

И за влез во Грција неопходен е негативен тест за коронавирус

Амбасадата на Грција во Белград соопштила дека од утре, вторник (14 јули), во 06:00 часот сите кои влегуваат преку копнен пат, што засега е можно само преку прелазот Промахонас, на границата со Бугарија, мораат да имаат негативен тест на коронавирус не постар од 72 часа пред доаѓање на граница.

За влез во Грција и понатаму е потребно да се пополни „образец за лоцирање на патници“ – PLF (Passenger Locator Form) најдоцна 24 часа пред доаѓањето во Грција. До сега беше потребно да биде пополнет до 48 часа пред влез.

Амбасадата предупредува дека во Грција ќе биде зголемена контролата за почитување на санитарните мерки. Грчката влада за мерките за заштита на јавното здравје одлучува врз основа на епидемиолошките податоци од Грција како и земјите од и преку кои доаѓаат патниците.

Владата во Атина во петокот наведе дека ја зголемува контролата на копнената граница поради ширење на коронавирус во соседните балкански земји, а грчките медиуми денеска објавија дека се припрема зголемено заострување на мерките и воведување на нови ограничувања.

Треба да знаете
Последни објави