Search

И ефикасна вакцина за коронавирусот пролетва нема да не врати во нормалниот живот

Дури и ефикасна вакцина нема да биде доволна за повторно да се вратиме во „нормален живот“ и луѓето треба да бидат пореални за тоа што и кога може да постигне вакцината, препорачува група водечки британски научници.

-Вакцината нуди огромна надеж за потенцијално ставање крај на пандемијата, но ние знаеме дека историјата на создавање вакцини е преполна со неуспеси,“ објаснува докторката Фиона Кулеј, од Националниот институт за срце и бели дробови на Кралскиот колеџ во Лондон.

Ставот на научниците доаѓа во време кога дури и научните советници на британската влада се оптимисти дека некои Британци ќе можат дури и годинава да се вакцинираат, а масовната вакцинација би започнала дури следната година.

Ставот на научниците ангажирани од Кралското друштво е дека тоа ќе биде долг процес:

-Дури и кога вакцината би била достапна тоа не значи дека во рок од еден месец сите ќе бидат вакцинирани, зборуваме за шест месеци, за девет месеци…година.

Воопшто не станува збор за тоа дека животот одеднаш во март ќе се врати на нормала,“ објаснува професорот Нилај Шах, раководителот за хемиски инженеринг на Кралскиот колеџ во Лондон.

Меѓу потенцијални проблеми што се идентификувани се тоа што некои од експерименталните вакцини како РНК вакцините никогаш до сега не биле масовно произведувани.

Под знак прашање е достапноста на суровини, и за вакцини и за стаклени ампули, како и капацитет за нивно чување во фрижидери, бидејќи некои вакцини треба да се чуваат на минус 80 степени Целзиусови.

Кога сето ова ќе се подмири и ќе започне вакцинирањето, тоа дури и да се случува 10 пати побрзо отколку просекот што е за грип, тоа би било ангажман со полно работно време за 30.000 обучени лица.

Дури и сето ова да мине во најдобар ред не е познато дали една вакцина ќе биде доволна за засилување на имунитетот, дали таа доволно ќе го засили имунитетниот систем кај постарите лица и дали воопшто ќе овозможи долгорочен имунитет.

Треба да знаете
Последни објави