Search

И денеска трицифрени бројки на новозаразени во Србија и Хрватска

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 162 нови случаи на коронавирус, а две лица починале, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Во моментов активни се 1.062 случаи, пренесува „Хина“. Меѓу заразените, има 106 пациенти на болничко лекување, од кои 10 се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се регистрирани 6.420 случаи на коронавирус, а починале 165 лица.

Во Србија, пак, според последните податоци регистрирани се 238 нови случаи на коронавирус, на направени 8.529 тестови во последните 24 часа.

Во истиот период регистрирани се и пет смртни случаи, со што вкупниот бројот на починати поради компликации од Ковид-19 достигна 670.

На респиратори се 75 пациенти, а вкупно 1.947 се хоспитализирани.

Стапката на смртност е 2,27 отсто. Од почетокот на епидемијата се тестирани вкупно 798.009 лица, а потврдени се 29.471 случај на инфекција.

Треба да знаете
Последни објави