Search

И двајца ученици осомничени за убиството на парискиот професор, терористот ги поткупил со по 300 евра

Според обвинителот за антитероризам Жан-Франсоа Рикар, за седум лица, меѓу кои и два малолетници на возраст од 14 и 15 години, ќе треба да биде отворена  судска истрага за „соучесништво во атентат во врска со терористички потфат, соучесништво во убиство на лице со јавен авторитет и терористичко злосторничко здружение”, јави дописникот на МИА.

Терористот Абдулах Анзоров ги поткупил двајцата ученици во основното училиште нудејќи им меѓу 300 и 350 евра, според обвинителот. Тој им рекол дека сака да го „сними професорот, да го присили да побара прошка за карикатурата на пророкот”, но и „да го понижи и удри”.

Обвинителот исто така објави дека биле воспоставени неколку телефонски и писмени контакти помеѓу терористот и таткото на ученичката, кој објавил видео на социјалните мрежи, во кое повикува на мобилизација против Самуел Пати по часот за слобода на изразување на кој беа прикажана карикатура на на Мухамед во кој, рече тој и помагал на својата ќерка.

-Јасно е дека професорот беше специјално посочен како мета на социјалните мрежи, рече обвинителот.

-Истрагата покажа дека полемиката започната од овој татко на ученик и се заснова на неточни факти, потврди и Жан-Франсоа Рикар. Ќерката на Брахим Ц., родител на ученичката, не присуствуваше на часот по граѓанско образование на Самуел Пати. Нејзиното  времено склучување од училиштето, исто така не беше поврзано со проблемите на убиениот наставник, туку со со проблеми во нејзиното однесување. Покрај тоа, ученичката не била дел од одделението од 7-мо, што присуствуваше на часот за слобода на изразување на Самуел Пати на 5 октомври.

Обвинителот исто така потврди дека атентатот врз Самуел Пати е дел од „контекстот на повици за убиство” започнат од повторното објавување на карикатурите на Мухамед од страна на „Шарли Ебдо” на почетокот на септември пред отворањето на судењето за нападите во јануари 2015 година во Париз. Жан Франсоа Рикар особено го спомна нападот со сатар извршен на 25 септември пред поранешните простории на „Шарли Ебдо” и „трите комуникации” од Ал-Каеда и нејзиниот јеменски огранок, кои повикуваа на „убиство” на оние што биле во потеклото на повторната дифузија на овие карикатури.

Истрагата за „соучесништво во терористички атентат” е насочена кон Брахим Ц. и радикалниот исламистички активист Абделхаким Сефриуи, кои „негираат каква било одговорност при дејствувањето на напаѓачот”.

Терористот испратил аудио порака на руски јазик на социјалните мрежи откако ја објави фотографијата од својата жртва.

Во оваа порака, како што јавуваат француските медиуми, , Абдулак Анзоров, во колеблив руски јазик, рече дека тој „се одмаздил за пророкот”, обвинувајќи го професорот по историја и географија дека „го прикажал на навредлив начин “.

Вечерва во почесниот двор на Универзитетот Сорбона ќе биде одржана националната свеченост за оддавање на почит на професорот Самуел Пати.

Треба да знаете
Последни објави